Португалскиот тренер Пауло Фонсека и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Рома. Овој 46-годишен стручњак на клупата на „римската волчица“ доаѓа како наследник на Клаудио Раниери, кој беше привремено решение по отказот на Еузебио ди Франческо.
Фонсека одлучи да го напушти украински Шахтар Доњецк и да ја прифати понудата од Рома. Тој потпиша двегодишен договор (со опција за продолжување и за трета сезона) со италијанскиот клуб, кој имаше и тоа како турбулентна сезона. Освен што менуваше тренери, Рома остана и без легендата Даниеле де Роси, а за летово се најавува голема реконструкција на тимот.
Новиот тренер на Рома во својата кариера ги има водено Авес, Брага, Пакош Фереира и Порто.