Рома го контактирала Кристијано Роналдо, можен ли е бомбастичен трансфер?

Рома по освојувањето на Конференциската лига, си ги зголеми апетитите, решена е да купи некоја голема ѕвезда, а според некои италијански медиуми, раководството на Волчицата се интересира за Кристијано Роналдо.

Рома сака да го купи и Пауло Дибала, а ако не успее да го привлече Аргентинецот за кого води битка со Интер, ќе се обиде да го донесе најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

Португалецот засега не најавува дека сака да си оди од Манчестер јунајтед, а ниту Рома не може да му понуди играње во Лигата на шампионите.

Жозе Мурињо има желба во Рома да го донесе Роналдо кого го тренираше и во Реал Мадрид, и со него да ја врати Рома во врвот на италијанскиот фудбал. Останува да се види дали ова ќе остане само желба на римјаните или трансфер бомбата навистина ќе експлодира и Кристијано ќе се врати во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести