Рома и Арсенал безуспешно се тркаат за Икарди

Мауро Икарди објави дека сака да продолжи да игра во Италија, но Интер ја одби понудата на Рома, а пропадна и обидот Арсенал да го ангажира аргентинскиот напаѓач и еден од најдобрите стрелци во Серија А.

Ситуацијата со Икарди е комолицирана, бидејќи Антонио Конте не смета на него во како што вели „новиот проект Интер“, па сега остануваат уште малку клубови во Италија што можат да платат огромна сума на пари за ангажман на одличниот напаѓач.

Икарди не крие дека сака да продолжи да игра во Италија, па остануваат веројатно уште Јувентус, Наполи и евентуално Милан да се обидат да го купат аргентинскиот ас.

- Оглас -

Најнови вести