Рома ја победи Сампдорија, Дибала влезе во историјата на Серија А

Фудбалерите на Рома убедливо ја совладаа Сампдорија со 3-0 и во остана во игра за пласман во Лигата на шампиони. Головите за екипата од Рим ги постигнаа Вајландум, Дибала и Ел Шарави.

Токму Дибала со голот во 88. минута од пенал влезе во историјата на Серија А како четврти фудбалер на кој му успеало седум сезони да постигне по најмалку 10 голови во една сезона, но и да запише по најмалку 5 асистенции. Претходно тоа им успеало само на Франческо Тоти, Антонио Ди Натале и Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести