Рома ќе го задржи Смолинг

Рома и Манчестер јунајтед се блиску до остварување договор околу услугите на дефанзивецот Крис Смолинг. Волчицата ќе го задржи поранешниот англиски репрезентативец на „Олимпико“ за сума од 15 милиони евра, известуваат одредени италијански медиуми.

Смолинг од почетокот на оваа сезона го облече дресот на Рома како позајмен играч, без опција за отпуп. Искусниот стопер се покажа како одлично засилување за калчолигашот, па затоа управата веќе извесно време се обидува да го задржи на подолг период. Јунајтед првично одбиваше да се откаже од Смолинг пред крајот на сезоната, но се чини дека 15 милиони евра се понуда која не може да се одбие.

Смолинг запиша 15 настапи за Рома во Серија А и во Лигата на Европа, реализира два погодоци, како и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести