Рома ќе го загуби мечот со Верона со службен резултат?!

Натпреварот Верона – Рома кој се играше викендов и заврши 0-0, може да биде регистриран со службен резултат 3-0 за домашните бидејќи во римскиот тим настапил фудбалер кој, според прописите, немал право да биде на терен. Спорниот играч е Амаду Дијавара, кој има 23 години, а бил пријавен меѓу младите до 22 години.

Во администрацијата на Рома биле невнимателни, па не забележале дека Дијавара веќе има 23 години, а можеле да го стават на листата на играчи над 22 години бидејќи имало слободно место, но го завеле меѓу младите. Со тоа Рома може да остане без освоениот бод. Дијавара беше и стартер.

Сличен случај имаше во 2016 година, па Сасуоло загуби со службени 0-3. Во Рома се бранат дека немале намера да направат измама, туку на листата од 25 играчи има четири слободни места, но грешката е направена и Дијавара ќе можеше да игра ако бил запишан на некое од тие четири слободни места.

- Оглас -

Најнови вести