Рома ќе имаше тим од соништата вреден речиси половина милијарда евра!

Додека се чека стартот на повиот шампионатот во Серија А, специјализираниот портал „Трансфермарк“ реши да го состави најскапиот тим на Рома, односно како би изгледала екипата од „Олимпико“ ако не беа продадени најдобрите играчи. Дефинитивно Римската волчица имаше играчи кои сега блескаат низ цела Европа.

На голот би бил Алисон, кој сега е во Ливерпул, а во одбраната се Манолес, кој замина во Наполи, Маркињос, кој сега игра за ПСЖ, и Рудигер од Челзи. Во средниот ред главен би бил Пјаниќ, кој неодамна потпиша за Барселона, потоа Паредес, кој замина во ПСЖ, како и Пелегрини и Заниоло, кои уште го носат дресот на тимот од Рим.

Нападот би бил фантастичен, составен од Салах, Педро и Џеко. Педро и Џеко и сега се дел од Рома, а Салах е предводник во Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести