Рома мора да плати 29 милиони евра за да го задржи Смолинг

Шансите за Крис Смолиг да игра за Рома и следната сезона се намалуваат, откако Манчестер јунајтед ја крена цената за искусниот дефанзивец. Ѓаволите сега бараат 29 милиони евра за да го ослободат Англичанецот од договорот кој го има на „Олд трафорд“, а се чини дека римскиот клуб нема да плати толкава сума за 30-годишниот стопер и покрај тоа што одлично се снајде на „Олимпико“.

Двата клубови веќе извесно време преговараат околу Смолинг, а откако се стационира во првиот состав на Фонсека цената постепено му расте. Доколку позајмицата во Рома не се смени во перманентен трансфер, за потписот на дефанзивецот на Јунајтед ќе се борат Евертон, Арсенал и Тотенхем, а сумата од 29 милиони евра не е проблем за премиерлигашите.

- Оглас -

Најнови вести