Рома му ја нуди капитенската лента на Игуаин

Рома по секоја цена сака да го доведе Гонзало Игуаин во своите редови, иако тој одбива да игра за калчолигаш кој не е Јувентус. Римската волчица се обидува да го наговори Аргентинецот да дојде на „Олимпико“ нудејќи му ја капитенската лента.

Во изминативе три децении, Рома за капитен назначуваше фудбалери кои се родени во Вечниот Град. Таа традиција почна од Џузепе Џанини, а ја продолжија Франческо Тоти, Даниеле де Роси и Алесандро Флоренци.

Иако траидицијата е нешто свето за Рома и нејзините навивачи, тие ќе сторат сè што можат да ги осигурат услугите на Игуаин.

 

 

- Оглас -

Најнови вести