Рома најави, Аталанта си победи во Рим против Лацио

Аталанта го победи Лацио во Рим со 3:1 и остана на четвртата позиција во Серија А, последна што води во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо направи комплетен пресврт и од 0:1 стаса до убедлива победа во Рим, исход што го најавија од таборот на вториот тим од главниот град, од Рома.

Од таборот на „римската волчица“ неколку дена пред мечот меѓу Лацио и Аталанта предупредија дека има договор меѓу двата клуба, гостите од Бергамо да победат. Тоа и се случи, а сега двата клуба ќе играат меѓусебе и за пехарот во италијанскиот куп.

Во останатите два меча што се одиграа денеска од 15 часот Парма и Сампдорија ремизираа 3:3, а Сасуоло и Фрозиноне одиграа 2:2.

- Оглас -

Најнови вести