Рома од првата шанса даде гол и се доближи до историската титула (Видео)

Со голот на Николо Ѕаниоло во 32 минута, Рома води со 1-0 против Феенорд во историското прво финале во Конференциската лига на УЕФА.

Римската волчица има само еден европски трофеј во својата историја, и тоа од Купот на саемски градови од пред 60 години, но нивен адут е и Жозе Мурињо, кој како тренер, постави рекорд со тоа што со четири различни клубови играл финале во европски куп. Во Европа, Мурињо нема загубено финале.

Единствена негативност за Рома е повредата на Мхитарјан во 17-та минута, по која Ерменецот мораше да излезе од игра.

 

- Оглас -

Најнови вести