Рома се лизна во Ферара, СПАЛ прекина шестмесечен пост

После 11 домашни меча по ред, во кои имаше пет порази и шест нерешени, екипата на СПАЛ конечно извојува триумф пред своите фанови, и тоа со 2-1 против Рома, која се бори за излез на европска сцена и неодамна го смени тренерот. СПАЛ немаше триумф на својот стадион уште од 17 септември, што е пауза од дури шест месеци.

Трите бода за СПАЛ се многу важни во битката за опстанок и има пет бода повеќе од загрозената Болоња, додека Рома ќе чека до утре да види дали останува на тоа место. Вториот гол на СПАЛ беше од белата точка. Против „римската волчица“, сезонава се досудени шест пенали. Повеќе пенали им беа шутнати само на Удинезе и Калјари.

- Оглас -

Најнови вести