На денешниот пријателски меч помеѓу романските тимови Динамо Букурешт и Паулешти, кој заврши 0-0, се случи еден инцидент кој предизвика големо внимание.
Фудбалерот на третолигашот Паулешти, Валентин Лазар, кој лани на скандалозен начин си замина од Динамо, одвај дочека дуел со својот екс клуб за да му се одмазди на својот поранешен тренерот Овидиу Бурка, а тоа не го направи со гол, туку на безобразен начин.
Лазар кон клупата на Динамо фрли два пара женски гаќи, и на резервите на тимот од Букурешт им порача да му ги дадат на нивниот тренер.