Романски голман со ова голчиште би ги посрамотил Чилаверт и Жунињо (Видео)

Чуварот на мрежата на романскиот третолигаш Шомуз Фалтичени, постигна спектакуларен гол од слободен удар во 94 минута, изедначувајќи на 2-2 и спасувајќи го својот тим од пораз.

Гостите губеа на дуелот со ЧСМ Пашчани, и слободниот удар на 40-тина метри од голот во завршните секунди беше последна шанса да се спасат од пораз. Тогаш голманот Каталин Паскал стапи на сцена, и кога сите мислеа дека изведувачот ќе нафрли, тој реши да испрати топовски удар кон голот на Пашчани, изненадувајќи ги сите, па и противничкиот голман, кој беше совладан, за воодушевување на дел од присутните.

Погледнете го постигнат голот на кој био му позавиделе и велемајстори за слободни удари како Жунињо или голманот Чилаверт:

- Оглас -

Најнови вести