Пауло Дибала повторно е во центарот на вниманието на аргентинската јавност. По неговото изненадувачко отсуство од тимот на селекторот Лионел Скалони за Копа Америка, сега тој шокираше со тетоважата посветена на идината сопруга Оријана Сабатини, со која ќе стапи во брак на 20 јули.
Дибала на раката ги истетовирал очите на Оријана и дел од нејзиното лице, вклучувајќи ги и веѓите и носот.
Прецизноста на цртежот на лицето на манекенката е импресивна, а и таа самата не го криеше изненадувањето кога ја виде завршената работа. Сликата е овековечена на левата рака на фудбалерот, во висина на левиот лакт.