Титула за историја, штипјани се нови шампиони во одбојка

УГД Штип ја потврди доминацијата во машката одбојка во Македонија, клубот е нов шампион и ја освои двојната круна.

Во финалето, штипјани го победија Борец Велес со 3-0 во победи и сите три меча ги добија со чисти 3-0 во сетови. Ова е историска титула за градот од Исарот, првпат клуб од Штип е првак на Македонија во некој од екипните спортови.

Вечерва во третиот меч, во салата “Јордан Мијалков“ во Штип, домашните победија со 25:18, 25:18, 25:16, па така после две загубени финалиња од Струмица, конечно се качија на тронот.

- Оглас -

Најнови вести