19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Романците најавија какви услови ќе треба да исполнат навивачите за влез на мечевите од ЕП

Навивачите би можеле да присуствуваат на натпреварите на Европското првенство во фудбал кои ќе се играат во Букурешт, најавува Адријан Маринеску, еден од најценетите доктори во Романија. За македонската јавност ова е важна информација, бидејќи нашата репрезентација треба да игра два меча од Еуро 2020 во главниот град на Романија.

Маринеску кој секојдневно е инволвиран во битката со Ковид-19, смета дека во летниот период, пандемијата ќе биде полесна за контролирање, и дотогаш голем број на луѓе ќе бидат вакцинирани.

„Очекувам третиот бран од пандемијата да помине до стартот на ЕП. Летото ќе биде помирно, а ќе имаме и многу вакцинирани. Сигурен сум дека ќе може да има публика на стадионите. Ќе треба потврда за вакцинација и негативен ПЦР тест за влез на мечевите. Не знам дали тестовите за антитела ќе се прифатат“ – вели Маринеску кој смета дека на отворено ќе може под одредени услови да се собираат луѓе на трибините.

За спортовите во сала, ќе треба да почека малку повеќе пред да се дозволи присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести