Романците не можат да куртулат од проблеми – Сега Динамо има шестмина заразени со ковид-19

Романците имаат многу проблеми со опасниот вирус, а сега жариштето е во таборот на Динамо Букурешт, екипа која објави дека има шестмина заразени со корона-вирус.

Сите се фудбалери, а нивните имиња вообичаено не се објавуваат. Денеска Динамо од 18 часот требаше да игра во Лигата за опстанок против Чиндија, но тој меч е одложен.

Динамо е еден од двата фудбалски гиганти во Романија заедно со Стеауа, но ги живее можеби и најтешките моменти од богатата историја и бие битка за опстанок во Првата лига.

Моментно се на претпоследното место со 7 меча за доигрување во плејаутот, а ако не успеат да прескокнат барем две екипи, или ќе испаднат, или ќе играат бараж за опстанок.

Претходно и Ботошани, екипа за која играат нашите интернационалци Давид Бабунски и Стефан Ашковски, имаше заразени со ковид-19, еден меч им беше одлжен, но потоа продолжија да играат во плејофот за титулата во Романија.

- Оглас -

Најнови вести