Фина фудбалска музика од Романија – Дајте публика, барем 500 за старт

Челниците на Првата романска фудбалска лига притискаат продолжението на сезоната да биде со присуство на публика на трибините и за почеток предлагаат бројката да биде околу 500 луѓе на кои ќе им биде дозволено да ги следат натпреварите во живо.

Џастин Стефан кој е генерален секретар на здружението на прволигаши објасни дека сите клубови сакаат да играат пред публика, па макар тоа за почеток би била и мала бројка од 500 луѓе.

„Идниот викенд продолжуваме со фудбал, веројатно пред празни трибини, но преговараме за да ни дозволат наскоро да има гледачи на стадионите. За почеток нека бидат и 500, а потоа очекувам да расте бројката“, изјави Стефан.

Во Романија веќе се започнати плејофот и плејаутот, кои беа прекинати во март, па ќе продолжат овој викенд со натпреварите од третото коло во доигрувањето за титулата и во истата рунда во битката за опстанок.

Македонските интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски со Ботошани ќе разигруваат за шампионската круна, а Марко Симоновски со Волунтари ќе продолжи од последната позиција за опстанок во плејаут-групата од 8 екипи.

- Оглас -

Најнови вести