Ромеро се подготвува да брани против Ливерпул и Партизан

Повредата на Давид де Хеа, со која се здоби на натпреварот Шведска – Шпанија, направи проблем не само во националниот тим туку и во неговиот клуб Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи и така имаат повредени играчи, уште им фалеше да останат привремено без главниот голман.

Иако уште не се знае точно каква повреда има Де Хеа и колку ќе отсуствува, речиси е сигурно дека нема да настапи на неделното дерби против Ливерпул, а ќе биде поштеден и за една недела на гостувањето во Белград кај Партизан од Лигата на Европа.

При евентуално отсуство на Шпанецот, прва опција за чувар на мрежата на Јунајтед е Аргентинецот Серхио Ромеро. Тој сезонава имаше веќе неколку настапи во Лигата на Европа и во Карабао купот. Ромеро не прими гол на шест од последните седум премиерлигашки мечеви.

- Оглас -

Најнови вести