Роналдињо е тажен, но во соба е со брат му и верува дека брзо ќе излезе

Некогашниот парагвајски фудбалски репрезентативец Нелсон Куевас објави дека го посетил Роналдињо во затворот во Асунсион, каде што Бразилецот веќе десетина дена лежи поради користење фалсификувани лични документи. Засега се одбиваат сите барања за да биде пуштен да се брани од слобода поради страв од бегство и дека може да пребегне во родниот Бразил.

„Го посетив Роналдињо. Тажен е, но верува дека брзо ќе излезе“, рече Куевас.

Куевас и Роналдињо разговарале за многу работи.

„Мислам дека тој е жртва, не знаел што се случува. Се надевам дека брзо ќе биде пуштен, макар и во куќен притвор. Со оглед на тоа каде се наоѓа, условите за живот се коректни и ако ништо друго, барем во соба е со брат му“, додава некогашниот играч на Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести