Роналдињо не смее да го напушти Бразил

Бразилскиот суд му забрани на легендарниот фудбалер Роналдињо да ја напушти родната земја, па тој не можеше да замине на меѓународната спортска конференција во Дубаи. Името на Роналдињо беше објавено на сите плакати кои го рекламираа настанот во Обединетите Арапски Емирати, но тој нема да се појави поради проблеми со законот во татковината.

Роналдињо Гаучо и неговиот брат Роберто Асис Мореира не смеат да излезат од Бразил, додека не платат казна од 2 милиони евра, за престап кој го имаат направено во 2015 година. Кога беше донесена пресудата во ноември, екс фудбалерот не беше во Бразил.

Се врати во декември, и тогаш на аеродром му беше одземен пасошот, а од домот му беа земени и три луксузни автомобили и скапа една уметничка слика, бидејќи на банкарската сметка на негово име, имало само 6 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести