Роналдињо само една екипа ја гледа на ТВ, а тоа не е ниту Барселона, ниту Реал, а ниту Сити

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на најпопларниот спорт беше бразилецот Роналдињо. Светот се воодушевуваше на неговата магија, а славниот бразилски фудбалер за медиумите откри дека сака да гледа фудбал на телевизија, но меѓу омилените екипи, изненадувачки не се ниту Барселона, ниту Реал Мадрид, ниту Манчестер сити.

„Тешко е да се одбере само една екипа, има многу. Мислам дека секој клуб има по некој одличен фудбалер кој би сакал да го гледам, но во моментов најмногу ме интересираат натпреварите на Ливерпул.“ – рече Роналдињо.

За многумина оваа изјава на Роналдињо е разбирлива, бидејќи „црвените“ играат отворен и ефикасен фудбал, нешто што потсетува на времињата кога славниот бразилец настапуваше за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести