Роналдо: 1000 проценти останувам во Јувентус

Кристијано Роналдо не успеа со Јувентус да стигне до титулата во Лигата на шампиони, но денеска се радуваше на својот прв пехар во Серија А. За Роналдо ова е историски трофеј, бидејќи стана првиот играч кој успеал да се радува на титули во три од петте најсилни лиги во Европа.

Откако Јувентус беше елиминиран од Ајакс во Лигата на шампиони, постојано се шпекулираше за тоа дали Португалецот ќе остане во Торино и следната сезона. Роналдо реши сам да стави крај на сите дилеми.

„Останувам во Јувентус и тоа 1.000 проценти. Според мене, одиграв многу добра прва сезона во Серија А. Му помогнав на тимот да го освои Скудетото, но и трофејот во Суперкупот. Тоа воопшто не е за потценување. По титулите во Англија и Шпанија, сега можам да се пофалам дека сум бил шампион и во Италија. Многу сум среќен“, рече Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести