Роналдо беше рекордер пред 24 години, потоа полудеа цените за трансфери (Фото)

Цените на фудбалските трансфери експлодираа во последните две децении и од 1997 година, кога за Бразилецот Роналдо Луис Назарио де Лима Интер ѝ плати на Барселона 26,5 милиони евра, пораснаа за 10 пати.

Тогаш трансферот на Роналдо беше рекорден, а 20 години подоцна, повторно Барселона беше клубот што продаде играч за апсолутен светски рекорд.

Сè уште е во сопственост на Нејмар, кој во 2017 година се пресели од „Камп ноу“ на Паркот на принцовите“ во редовите на Пари Сен Жермен за неверојатни 222 милиони евра.

Во меѓувреме, рекордери беа и: Денилсон, Вјери, Креспо, Фиго, Зидан, Кристијано Роналдо, Бејл и Погба, а сите нив ги надмина Нејмар со сума што сè уште е недостижна.

World transfer record fee progression from 1997-present from soccer

Втор на вечната листа со највисока сума е Килијан Мбапе, иако тој не стигна да биде рекордер бидејќи потпиша за ПСЖ истото лето со Нејмар.

Сумата што француските Светци му ја платија на Монако е 180 милиони евра, или 145 милиони веднаш на сметка и околу 35 милиони како бонуси.

 

- Оглас -

Најнови вести