Роналдо даде гол од неговото најсилно оружје, неговиот тим се врати во трка за титулата (Видео)

Екипата на Ал-Наср победи со 2:0 на гостувањето кај Ал-Тае во меч од 27-мото коло на првенството на Саудиска Арабија, а еден од најзаслужните за овој триумф е Кристијано Роналдо. Првата ѕвезда во овој шампионат погоди од пенал во 52-рата минута за водство на Ал-Наср од 1:0, а пред крајот на средбата гол даде и Талиска.

https://twitter.com/i/status/1658564433994567690

Покрај победата, на Ал-Наср во корист му беше и резултатот од дербито меѓу Ал-Хилал и Ал-Итихад, кое заврши 2:2. Лидерот Ал-Итихад водеше со 2:0, но домаќините прво намалија на 1:2 пред крајот на првиот дел, а до реми стигнаа со погодок во 94-тата минута.

По 27 кола, Ал-Итихад сега има 63 бода, а Ал-Наср е втор со 60 бодови.

- Оглас -

Најнови вести