Роналдо дебитираше за Ал-Наср со победа и без гол, на спротивната страна го немаше Дарко Велковски (Видео)

Кристијано Роналдо дебитираше за Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија, а почетокот во новата епизода од богата кариера му е победнички.

Иако не постигна гол, Роналдо се израдува на победа од 1:0 против Ал-Етифак, екипа чиј член е македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Стоперот на македонската репрезентација не беше во составот на гостите вечерва во дебито на Роналдо.

Роналдо играше на почвата на Саудиска Арабија и тоа за тимот составен од домашни ѕвезди од Ал Хилал и од Ал Наср против Пари Сен Жермен.

Тогаш даде два гола, а ривали му беа Меси, Мбапе, Рамос, Нејмар… ПСЖ победи со 5:4 во ревијален меч на кој и Роналдо и Меси ги тресеа мрежите.

 

- Оглас -

Најнови вести