Роналдо доби понуда од Перес да се врати во Реал Мадрид, но во друга улога!

Кристијано Роналдо зимава направи сензационален трансфер во првенството на Саудиска Арабија и стана најплатениот фудбалер во историјата. Сепак, остануваат незаборавни годините кои ги помина во Реал Мадрид, каде што освои сè што беше возможно во светот на фудбалот.

Изненадувачки информации пристигнуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, му доставил понуда на славниот фудбалер да се врати во градот каде што помина девет незаборавни години, но дури откако ќе заврши со активно играње на фудбал, и тоа како Амбасадор на Кралскиот клуб.

Останува да видиме дали Кристијано Роналдо ќе ја прифати оваа понуда, но и кога тоа би се случило, со оглед на тоа дека тој има активен договор со Ал-Насар до летото 2025 година. Тој не ја крие и својата желба кариерата да ја заврши онаму каде што и започна, во Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести