Роналдо двоен стрелец, Португалците со убедлив триумф патуваат на ЕП

Фудбалската репрезентација на Португалија го „заборави“ поразот од Хрватска и со убедлив триумф над Ирска од 3-0 ќе патува на Европското првенство.

Селекцијата која важи и за еден од фаворитите одигра одличен меч во Авеиро.
Жоао Феликс ги доведе Портругалците во водство од 1-0 во 18-тата минута.

Во вториот дел на сцена стапи Кристијано Роналдо, кој беше двоен стрелец. Тој постигна прекрасен погодок во 50-тата минута, а десет минути подоцна уште еднаш се запиша меѓу стрелците.

 

- Оглас -

Најнови вести