Роналдо е безопасен во една статистика, затоа Биковите не се плашат од него

Кристијано Роналдо со Јувентус попладнево гостува кај соседниот ривал Торино, кој е единствениот тим против кој Португалецот успеал да забие гол од слободен удар откако го носи дресот на Бјанконерите.

Моментално најдобриот стрелец во Серија А бележи очајна статистика во реализацијата од слободен удар. Од вкупно 72 обиди од прекин, Роналдо постигнал само еден гол од слободен за Старата дама, или поточно само 1.39%.

Дури две третини од ударите завршиле во живиот ѕид, навистина катастрофален учинок што се однесува за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој своевремено беше и многу опасен кога во прашање беа слободните удари.

- Оглас -

Најнови вести