Роналдо е на 760, Меси на 719, кој ќе ја заврши кариерата со повеќе голови?

Кристијано Роналдо синоќа стана прв стрелец во историјата на фудбалот според бројот на голови на официјални натпревари за клубовите во кои играл и репрезентацијата, но Светската фудбалска федерација го оспорува и според нив, рекордот уште е во сопственост на Јосеф Бичан, кој играл фудбал од 1931 до 1955 година.

Факт е дека Роналдо има 760 гола, а за Бичан дилемата е дали има 759 или 805, колку што му ги бројат ФИФА и Спортската фондација за фудбалска статистика.

Бразилците Пеле и Ромарио тврдат дека дале над 1.000 гола, но веројатно си ги бројат и тие на пријателски мечеви и „во маало“, а официјално имаат Пеле 757 и Ромарио 743. Зад нив е Лионел Меси со 719. Над 700 гола има и Ференц Пушкаш.

Со оглед на тоа што Кристијано и Меси уште се активни и нивните бројки ќе растат, најдобро е да се споредуваат тие двајца. Португалецот е две години повозрасен од Меси, но засега не покажува знаци на намалување на бројот на голови и веројатно сака да ги надмине и тие 805 на Бичан, па да нема дилеми кој е број 1. Роналдо е на пат да стане рекордер и по бројот на голови за репрезентација.

И Меси без проблеми уште дава голови, ефикасен е, а заостанувањето од 41 гол зад Роналдо можеби може да го надомести ако игра подолго од својот ривал. Доколку се повлечат на иста возраст, Меси ќе има две сезони да се обиде да го стигне тогаш пензионираниот Кристијано.

- Оглас -

Најнови вести