Роналдо е првиот фудбалер кој доби награда – криптовалути

Јувентус вчера на домашен терен беше шокиран од Беневенто со минимални 0-1, па така Кристијано Роналдо не можеше да му се радува на подарокот кој го доби од раководството.

Имено, Роналдо од неодамна стана светски рекордер со 770 официјални погодоци во кариерата, па Јувентус му даде награда пред мечот во вид на криптовалути.

Роналдо доби 770 единици од криптовалутата JUV, која е навивачки токен на клубот. Моменталната вредност на една JUV единица е 15 американски долари, што значи дека Роналдо поседува 11,500 долари, сума која може да се зголеми според тоа како се движи цената на криптовалутата на светската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести