Роналдо е уверен: За пет-шест години лигата во Саудиска Арабија ќе биде меѓу најдобрите во светот

Кристијано Роналдо на крајот од минатата година потпиша за Ал-Наср во Саудиска Арабија, трансфер кој беше еден од најшокантните. Португалецот, кој речиси 20 години доминираше на европските терени, реши да замине во непознато и таму да го промовира фудбалот.

По три месеци поминати во Саудиска Арабија, Роналдо вели дека е позитивно изненаден од квалитетот на фудбалот во оваа земја.

„Првенството во Саудиска Арабија е многу компетитивно и луѓето треба да го гледаат со поинакви очи. Секако дека не може да се споредува со Премиер лигата. Би лажел ако ги споредувам на исто ниво. Сепак, постојат тимови кои добро ме изненадија. Арапските играчи се навистина добри. Тука има и висококвалитетни странски фудбалери, па оваа лига за пет-шест години може да биде меѓу најдобрите во светот“, вели Роналдо.

Во последно време често се споменува дека во Саудиска Арабија би можеле да дојдат да играат и Лионел Меси, Серхио Рамос, Лука Модриќ, Карим Бензема, но тоа засега се само шпекулации.

- Оглас -

Најнови вести