Роналдо: Фризурата од 2002 година ми беше катастрофа, им се извинувам на сите мајки

Поминаа 19 години откако Бразил за последен пат беше светски шампион, петтата планетарна титула им ја донесе Роналдо на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија, но Роналдо не се гордее со легендарната фризура која ја имаше тогаш.

Роналдо беше прва ѕвезда на тој Мундијал, даде 8 гола, па многу деца низ светот, а и професионални фудбалери си направија таква фризура мислејќи дека ќе им тргне со постигнување голови.

„Пред полуфиналето со Турција, имав повреда и ги прашав соиграчите дали им се допаѓа фризурата, сите ми рекоа дека е катастрофа, но барем се зборуваше за тоа, а не за мојата повреда. Беше ужасна таа фризура. Им се извинувам на сите мајки чии деца си направија исти такви фризури“, изјави Роналдо, кој сега е претседател на шпанскиот прволигаш Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести