Роналдо ги засени сите, убедливи победи на фаворитите за крај на септемврискиот циклус

Фаворитите славеа победи за крај на септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година, а голеадата со 34 погодоци на 7 меча ја зачини Кристијано Роналдо со четири прецизни удари во Вилнус.

Португалија славеше убедливо против Литванија со 5:1 и покрај титулата европски првак, сега го има и најефикасниот стрелец на сите времиња во евроквалификациите.

Роналдо со покер-головите сега има вкупно 25 и вечерва го престигна Роби Кин, кој беше лидер со 23. Зад нив е Данецот Јон Дал Томасон со 20 голови во филтер-мечевите за пласман на ЕП.

Головите од Вилнус можете да ги погледнете ОВДЕ.

Во истата група, Србија го победи Луксембург со 3:1 и се вклучи во битката за една од двете позиции во групата Б. Лидер е Украина со 13 бода од пет меча, зад нив е актуелниот првак Португалија со 8 бода и меч помалку, па следуваат: Србија со 7 бода, Луксембург со 4 и Литванија само со еден бод.

Во групата Х очекувани победи забележаа светскиот првак Франција против Андора со 3:0 и Турција против Молдавија со 4:0. Албанија го надигра и го победи Исланд со 4:2.

Франција и Турција имаат по 15 бода од шест меча, Исланд е зад нив со 12 бода, па следуваат: Албанија со 9, Молдавија со три и Андора е без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести