Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, го доби првиот жолт картон откако настапува во Саудиска Арабија, и тоа поради „детско однесување“.
Ал-Наср во последните моменти од првиот дел водеше со 2:0 против Абха во четвртфиналето на Кралскиот куп, кога Португалецот доби топка на средина од својата половина и тргна во напад, но судијата одлучи да свирне за крај на полувремето.
Тоа го налути Роналдо, кој реагираше како мало дете, ја шутна топката, по што експресно доби жолт картон.
Средбата заврши со триумф на Ал-Наср од 3:1, но Роналдо трет натпревар по ред не успеа да постигне гол за својот тим.
غضب كريستيانو رونالدو مع نهاية الشوط الأول.. والحكم يشهر البطاقة الصفراء 🟨#أغلى_الكؤوس
#النصر_أبها | #SSC pic.twitter.com/9KeUxKezzc— SSC (@ssc_sports) March 14, 2023