Роналдо трет меч по ред не даде гол, но беше дел од историја на саудискиот фудбал (Видео)

Кристијано Роналдо и на трет натпревар по ред за клубот Ал-Наср од Ријад не успеа да постигне гол, но Ал-Наср победи во четвтфиналето на Купот и успеа да испише историја бидејќи првиот гол беше постигнат само по 10 секунди игра и тоа е најбрз гол во историјата на саудискиот куп.

Роналдо, кој ја носи капитенската лента, го изведе почетниот удар, а само 9-10 секунди подоцна, неговиот тимски колега Сами Ал Наџеи со помош на противнички играч даде гол со кој влезе во историјата.

Ал-Наср триумфира со 3-1 против Абха, а во полуфиналето ќе има дуел со Ал-Вехда.

Еве го експресниот гол на Ал-Наср во десеттата секунда од мечот:

- Оглас -

Најнови вести