Роналдо го направи тоа што во историјата на Серија А им успеало само на двајца претходно

Јувентус води по првите 45 минути на гостувањето кај СПАЛ, откако Кристијано Роналдо погоди за шампионот. За првата ѕвезда во италијанското првенство овој меч против СПАЛ е јубилеен. Португалецот го игра 1.000-иот натпревар во кариерата.

Едноставно Роналдо на вистински начин го одбележува големиот јубилеј. Даде гол, кој му донесе и рекорд во Серија А. Ова е 11-ти натпревар во низа на кој Роналдо игра и се запишува во листата на стрелците. Низ историјата на италијанското првенство, претходно ова им успеало само уште на двајца играчи, а тоа се Габриел Батистута во сезоната 1994/95 и на Фабио Кваљарела во минатата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести