Роналдо го презеде клубот и веднаш го избрка легендарниот тренер

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо купи 90 отсто од акциите на прославениот бразилски клуб Крузеиро. Само што го презеде владеењето на клубот, Роналдо се реши на драстични промени, а првата е да му даде отказ на Вандерлеј Лушембурго.

Искусниот 69-годишен стратег дојде во клубот само пред пет месеци, но не успеа да ја подобри играта и резултатите, па Крузеиро заврши на 14-тото место во Серија Б. Лушембурго има 38-годишна тренерска кариера и бил дел од многу познати клубови.

Работеше и во Реал Мадрид, а во периодот од 1998 до 2000 година беше селектор на Бразил. И покрај долгото искуство како тренер, Роналдо реши да го избрка Лушембурго и да започне со мисијата за враќање на бразилскиот гигант во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести