Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо сериозно размислува да го продаде својот удел во шпанскиот тим Валјадолид, пишуваат шпанските медиуми.
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, пред четири години за 30 милиони евра купи 51 отсто од акциите на Валјадолид, а потоа и дополнителни 20 отсто. Од неговото преземање на клубот, буџетот на Валјадолид е удвоен, а тимот игра во Ла Лига и се очекува сумата што ќе ја бара Роналдо да биде многу поголема од таа што ја вложил.
Според медиумите во Шпанија, Роналдо сака да се врати во Бразил за да биде поблиску до своите деца. Исто така, Роналдо е мнозински сопственик на акциите и на бразилскиот тим Крузеиро.