Роналдо го промовираше новиот дрес на Јувентус (фото)

Јувентус го претстави новиот дрес за сезоната 2021/22 кој го промовираше со помош на Кристијано Роналдо како најголема ѕвезда во екипата.

Португалецот беше меѓу фудбалерите кои имаа прилика први да ја облечат новата униформа, па се поставува прашањето дали тој им послужи само за промоција на дресот, или е знак дека Роналдо ќе игра на „Алијанц“ стадионот и во следната сезона.

Инаку, Адидас го врати стандардниот дизајн на Старата дама, а дресот е направен во чест на 10-годишнината од преселбата на Јувентус на сопствениот стадион во Торино.

- Оглас -

Најнови вести