ЦР7 е закон во Португалија – Роналдо и Феликс се тандем за победа на Европските Бразилци, Ињаки Вилијамс дебитира на СП за Гана (Фото)

Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот на Португалија денеска на премиерниот меч за нив на Мундијалот во Катар против Гана.

Популарниот ЦР7 ќе биде во офанзивниот дел заедно со Жоао Феликс и Отавио, а зад него, дрим-тимот на Европските Бразилци се Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.

Кај Гана на Светско првенство ќе дебитира Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао, а интересно е дека тој ќе биде единствен класичен напаѓач во формацијата 5-4-1 на Црните ѕвезди.

Братот на Ињаки, Нико Вилијамс вчера дебитираше на Мундијалите за Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести