Роналдо и Шик имаат по пет гола, кој би бил најдобар стрелец на ЕП?

Португалија испадна уште во осминафиналето од Европското првенство, но Кристијано Роналдо успеа во четирите меча кои ги одигра да даде дури пет погодоци. Си тие пет погодоци, Роналдо е на врвот на листата на најдобри стрелци на континенталниот собир.

Пет погодоци има и Патрик Шик од Чешка, чија репрезентација синоќа беше елиминирана од Данска со 1:2. Шик даде гол и против Данска, но тоа беше премалку за да се избегне елиминацијата. Чешкиот голгетер останува зад Роналдо на листата на најдобри стрелци на ова ЕП, затоа што капитенот на Португалија има една асистенција, а тоа е вториот периметар кој се гледа, во случај на ист број на голови. Шик го заврши турнирот без ниту една асистенција за погодок.

Доколку има ист број и на асистенции, тогаш се гледаат бројот на одиграни минути, а подобар е оној кој постигнал исто погодоци за помалку одиграни минути. На листата на најдобри стрелци на ЕП зад Роналдо и Шик се Карим Бензема (Франција), Ромелу Лукаку (Белгија) и Емил Форсберг (Шведска) со по четири погодоци, но и нивните репрезентации веќе се елиминирани.

Од оние кои останаа во полуфиналето, со по три гола се Рахим Стерлинг (има и една асистенција), Хари Кејн и Каспер Долберг од Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести