Роналдо има посебен предизвик за вечерва да даде гол против БиХ

Кристијано Роналдо е апсолутен светски рекордер кога се работи за одиграни натпревари и постигнати голови во репрезентативниот дрес. Капитенот на Португалија вечерва ќе го одигра 199 натпревар за националната селекција, а ќе биде во потрага по 123 гол.

Кога игра за Португалија, Роналдо секогаш е со голем мотив, а денеска ќе има причина повеќе за да даде гол. Неговиот прв син Кристијано Роналдо јуниор го слави 13-тиот роденден.

„Среќен роденден на мојот син. Веќе наполни 13 години. Тато многу те сака“, беше пораката од Роналдо на социјалните мрежи.

Се очекува Роналдо да биде стартер на денешниот дуел против Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести