Кристијано Роналдо не е повикан да биде дел од португалската репрезентација за претстојните контролни мечеви како подготовка за Светското првенство кое ќе започне за помалку од 100 дена. Капитенот Роналдо заработи повреда на бутниот мускул на десната нога и тоа додека настапуваше за својот клуб Ал-наср. Веќе 20-тина Роналдо е надвор од теренот и сигурно нема да игра на пријателските мечеви против Мексико на 28 март на легендарниот стадион „Ацтека“ и против САД на 31 март во Атланта.
Селекторот на Португалија Роберто Мартинез веднаш реагираше и објасни дека воопшто нема дилеми дека Роналдо ќе биде дел од составот кој ќе настапи на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
„Воопшто не е загрозен настапот на Роналдо на СП. Се работи за полесна повреда на мускулот и веројатно ќе биде подготвен да се врати на теренот за една или две недели. Роналдо со настапите оваа сезона покажа дека е во врвна форма“, рече Мартинез.
Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалските репрезентации со 143 погодоци, а е рекордер и по бројот на настапи, вкупно 226 настапи. Ако настапи на претстојниот Мундијал, Роналдо ќе биде првиот во историјата со настап на шест различни СП.

