Роналдо ја почна преселбата од Торино, прва замина ергелата од скапи автомобили (Фото)

Кристијано Роналдо ја почна преселбата од Торино, а прва замина ергелата од скапи авотомобили. Италијанските медиуми објавија фотографии што потврдуваат дека португалскиот ас е во процес на разделба со Јувентус, нешто за што подолго време се шпекулира.

Роналдо има важечки договор со Јувентус до 2022 година што го потпиша во 2018 година, кога за сума од 100 милиони евра се пресели од Реал Мадрид во италијанскиот гигант.

Целта на Старата дама беше со него да атакува на пехарот во Лигата на шампионите, но тоа не се оствари, а во идната сезона можно е „црно-белите“ и да не играат во ЛШ.

И за Роналдо и за Јувентус тоа е неповолна ситуација бидејќи Португалецот не сака да игра за клуб што нема да настапи во ЛШ, а Старата дама има скапа играчка што ја плаќа околу 31 милион евра годишно, па разделбата е сосема можна и реална опција.

 

- Оглас -

Најнови вести