Роналдо ќе го купи најскапиот автомобил во светот

Кристијано Роналдо може да стане газда на новиот престижен модел од францускиот автомобилистички бренд „Бугати“. Пред еден месец на саемот во Женева беше претставен моделот „Ла воатур ноар“, точно на прославата на 110-годишнината на Бугати. Тоа е најскапиот автомобил во светот.

Роналдо во својата колекција поседува многу спортски и атрактивни автомобили, но сега многу веројатно ќе стане газда и на единствениот модел, автомобилот вреден неверојатни 11 милиони евра.

Овој двосед е направен од карбон, а има мотор кој може да достигне брзина до 420 километри на час. Најскапиот автомобил има 8 литарски 16 цилиндарски мотор и неверојатни 1479 коњски сили.

Претходно најскап автомобил во светот беше Ролс Ројс Свептил, кој чини девет милиони евра, што значи дека Бугати направи автомобил кој е за 2 милиони евра поскап.

- Оглас -

Најнови вести