Роналдо ќе го надмине рекордот на Пеле

Кристијано Роналдо ја достигна бројката од 700 гола во кариерата откако погоди за Португалија во поразот 1:2 на гости од Украина. Пред Роналдо има само петмина фудбалери во историјата кои дале повеќе голови од него. Еден од тие петмина е и легендарниот Пеле. Бразилецот кој има освоено три титули светски првак на оваа листа на најдобри стрелци е застанат на бројката од 767  голови во кариерата.

„Немојте воопшто да се сомневате дека Роналдо ќе го надмине и Пеле“, вели Жорж Мендеш, актуелниот менаџер на Роналдо.

Португалецот во кариерата освен 700 голови, има и 219 асистенции, а вкупно одиграл 974 средби. Следниот предизвик за Роналдо ќе биде да погоди в сабота, на дуелот против Болоња, во раките од осмото коло во Серија А.

.

- Оглас -

Најнови вести