Роналдо е осуден на 23 месеци затвор, но ќе ја плати слободата со 18,8 милиони евра

Кристијано Роналдо денеска се врати во Мадрид, но не во Реал, туку во шпанскиот суд. Португалецот беше обвинет дека затаил данок, а ѕвездата која девет години играше за Кралскиот клуб, призна дека е виновен за затајување на данок во периодот од 2011 до 2014 година, со што ја оштетил Шпанија.

Со признавањето дека е виновен, на Роналдо му беше изречена затворска казна од 23 месеци, која, сепак, нема да мора да ја одлежи доколку плати 18,8 милиони евра. Кристијано синоќа играше за Јувентус во Торино, а рано утрово пристигна во Мадрид за да ги реши и овие проблеми.

Португалецот дури сакаше и преку видеолинк да присуствува на судењето, но судијата не дозволи такво нешто, туку нареди Португалецот да се најде во судница.

- Оглас -

Најнови вести