Роналдо клекна и како муслиман го прослави победничкиот гол, а потоа ја фалеше саудиската лига (Видео)

Откако го даде убавиот гол за победа на Ал Наср, соиграчите на Кристијано Роналдо го натераа да клекне и со челото да ја допре земјата како што прават муслиманите на молитва.

Мохамед Салах после секој постигнат гол прославува на ваков начин, но тој е Муслиман, па се поставува прашањето дали Роналдо прешол на Ислам или само сакаше да покаже почит и да ги задоволи газдите кои богато го плаќаат за да игра кај нив во Саудиска Арабија.

После натпреварот, Роналдо изјави дека Ал Наср во следната сезона ќе биде посилен, саудиската лига од година во година ќе биде сè посилна, и дека има потенцијал во иднина да стане и една од петте најсилни на светот.

- Оглас -

Најнови вести